Обожавателите на Џастин Тимберлејк кои беа присутни на неговиот концерт во неговиот роден град Мемфис имаа уникатно доживување.
43-годишниот пејач на сцената го обедини својот поранешен бенд NSYNC со кој се прослави во 90-тите години. Машката група која освојуваше женски срца повторно пееше заедно за првпат по повеќе од 10 години. Последен пат Џастин Тимберлејк, Ленс Бас, Крис Киркпатрик, Џои Фатон и Џеј Си Часез настапуваа заедно во 2013 година.


На големо задоволство на фановите, групата отпеа повеќе свои хитови, меѓу кои и „Bye Bye Bye“ и „It’s Gonna Be Me“.
Тревис Келси, Џон Леџенд и Кристи Тиген беа меѓу славните гости на концертот.
Бендот NSYNC беше формиран во 1995 година и многу брзо стекна светска слава.

