Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Повторно момче: Миранда Кер се породи и го доби четвртото синче

Повторно момче: Миранда Кер се породи и го доби четвртото синче

Миранда Кер сподели прекрасна вест. Нејзиното семејство се прошири за уште еден мал член кој донесе голема радост.

Поранешниот ангел на Victoria’s Secret го донесе на овој свет своето четврто синче, кое го доби името Пјер.

Миранда Кер и Еван Спигел

Ова е нејзино трето дете со сопругот Еван Спигел. 40-годишната манекенка и основачот на Snapchat со слатка објава ја споделија нивната радост.

„Пресреќни сме за доаѓањето на нашиот мал сончев зрак, Пјер Кер Спигел. Не можеме да бидеме повозбудени што му посакуваме добредојде на нашиот четврт син во семејството. Се чувствуваме многу благословени“ – напиша Кер.

Миранда Кер и Еван Спигел

Кер и Спигел стапија во брак во 2017 година. Тие се родители и на 5-годишниот Харт и 4-годишниот Мајлс. Миранда има и 12-годишен син од бракот со Орландо Блум.

Миранда Кер и Еван Спигел Миранда Кер и Еван Спигел Миранда Кер и Еван Спигел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25647 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.