Децата уште од најмали нозе го следат примерот на родителите.
4-месечната ќерка на актерите Емра Куртишова и Петар Стојанов ја доби својата прва улога во филм. Среќните родители на Instagram објавија фотографии од снимањето на првите сцени со малото бебенце.
„Првиот филм на Лена. Мала актерка“ – напиша Емра, која ја глуми Исаура во хит-серијата „Преспав“.



Емра и Петар во октомври минатата година објавија дека се роди нивната ќеркичка, која го доби името Лена.
Талентираните актери се запознале во Театарот за деца и младинци, каде се колеги. Тие се заедно речиси пет години, а стапија во брак во јуни минатата година.



