Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Од него научив работи кои ги нема во книгите“: Игор Џамбазов со емотивна објава за својот дедо Петре Прличко

„Од него научив работи кои ги нема во книгите“: Игор Џамбазов со емотивна објава за својот дедо Петре Прличко

Ако беше жив, Петре Прличко вчера ќе наполнеше 117 години.

За да го одбележи денот на неговото раѓање, внук му Игор Џамбазов напиша емотивна објава. Македонскиот шоумен објави заедничка фотографија од „Волшебното самарче“ и за својот дедо напиша:

Игор Џамбазов и Петре Прличко

Денес ќе наполнеше 117 години.

И малку ќе му беа. Толку многу го сакаше животот. Малку повеќе го сакаше филмот.

А најмногу театарот. Јас му бев на солидното шесто место. Но, научив од него работи кои ги нема во книгите, скриптите и енциклопедиите. Научив како се сака оваа наша професија.

Мојот славен дедо 5-ре.

Неговата среќна ѕвезда сè уште ме заштитува. Исто како и на оваа црно-бела фотка од ‘Волшебниото самарче’...

Прличко е татко на мајката на Игор, Анче Џамбазова.

Прличко беше легендарен актер со улоги во повеќе филмови и телевизиски серии кај нас. Тој почина на 88-годишна возраст на 16 ноември 1995 година.

Игор Џамбазов и Петре Прличко Игор Џамбазов и Петре Прличко

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11433 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.