Само неколку месеци по разводот од Џоди Тарнер-Смит, Џошуа Џексон беше фотографиран додека си разменуваше нежности со новата девојка Лупита Нионго.
Славниот пар беше уловен од папараците на плажа во Мексико, каде го прославуваше нејзиниот 41. роденден. Актерката од „Black Panter“ го покажа тонираното тело во бикини. Таа го прегрнуваше и држеше за рака саканиот додека шетаа по песочната плажа.










45-годишниот актер се разведе од поранешната сопруга во октомври минатата година, а во декември потврди дека е во врска со Лупита.



Нионго и Џексон првпат беа фотографирани заедно уште во октомври, но извор близок до парот тогаш изјави дека тие не се во романтична врска.

