Бред Пит продолжува со промоција на новиот филм „Bullet Train“. 58-годишниот актер одлета во Германија и присуствуваше на премиерата која се одржа во Берлин.
Холивудскиот заводник изненади со неочекуван стајлинг на новиот филмски настан. Поранешниот сопруг на Анџелина Џоли носеше ленено здолниште, кое го искомбинира со кошула, сако и високи чизми.












