Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно го проследија кошаркарскиот натпревар помеѓу Лејкерс и Бостон Селтикс.
52-годишната музичарка и актерка и 49-годишниот актер изгледаа заљубено и постојано се држеа за раце и се прегрнуваа додека уживаа во спортскиот настан. Лопез беше облечена во тексас модна комбинација.







Заедничкото појавување ги врати нивните фанови многу години наназад, во 2003 година, кога тие беа фотографирани како се бакнуваат на натпревар на Лејкерс. Фотографии од типот „некогаш и сега“ се појавија веднаш на социјалните мрежи.
„Некои работи никогаш не се менуваат“ - коментираат фановите.












Џенифер и Бен беа заедно од средината на 2002 до почетокот на 2004 година. Тие се верија во ноември 2002 година, но ја откажаа венчавката во јануари 2004 година. Парот ја обнови врската во април 2021 година.


