Џанлука Ваки не можеше да си ја сокрие среќата на Денот на таткото, кој во Италија се славеше вчера.
Неговата сакана Шерон и малата ќеркичка му приредија слатко изненадување на



Под мостот на мојот живот имаше многу вода и никогаш не се плашев да скокнам и да пливам, независно дали струите беа на моја страна или против мене. Само сакав да скокнам за да докажам дека можам да се справам со предизвикот.
Денес знам дека мојот најголем предизвик е да бидам добар родител и знам дека ако некој ми рече да скокнам од мостот без да има вода во реката, ќе го направам тоа без размислување.
Денес знам дека го имам падобранот на вечната љубов кој секогаш ќе ми помага да застанам на нозе од која и да било височина.
Денес сум твој татко Блу Џерусалема и никогаш не помислував дека можам да бидам толку среќен во мојот живот. Само сакам еден ден да можеш да се гордееш со мене и за тоа ќе се борам засекогаш. Те сакам.
Шерон сподели фотографии и слатка порака за Џанлука на Instagram.
„Денес во Италија се слави Денот на таткото.Те почитувам, ти се восхитувам и ти се заблагодарувам за целата твоја љубов, трпението, безусловната поддршка, насочувањето, заштитата и што едноставно си најдобриот татко на нашиот ангел. Те сакаме до месечината и назад...“ – напиша таа.








