Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Најсилниот седумгодишник“: Џими Кимел сподели дека син му ја имал третата операција на отворено срце

„Најсилниот седумгодишник“: Џими Кимел сподели дека син му ја имал третата операција на отворено срце

Понекогаш, најмалите меѓу нас водат најголеми битки за својот живот.

Џими Кимел сподели дека изминатиот викенд на неговото синче Вилијам му била направена третата операција на отворено срце и дека се надеваат дека ќе биде и последна. Славниот водител објави фотографија од 7-годишното момче, а во описот напиша дека операцијата била успешна и дека неговото синче сега е „здраво и среќно“.

„Викендов, нашето момче Били ја имаше неговата трета операција на отворено срце. Влеговме во ова искуство со многу оптимизам и речиси исто толку страв и излеговме со нов залисток внатре во едно среќно, здраво дете“ – напиша Кимел.

Вилијам

Џими им се заблагодари на докторите, медицинскиот персонал и сите што беа дел од нивното искуство во болницата.

„Били, ти си најсилниот (и најзабавниот) седумгодишник кој го познаваме. Има многу родители и деца кои не се доволно среќни да си одат дома по 5 дена. Ве молам, споделете ја вашата љубов и вашите молитви со нив. Ништо не е поважно од тоа да се грижиме едно за други. Со љубов и благодарност, Џими“ – додаде тој.

Вилијам

Непосредно по раѓањето на 21 април 2017 година, на Били му беше дијагностицирана срцева болест (Тетралогија Фалот) и само неколку дена по раѓањето му била направена првата операција на отворено срце, која траела 3 часа. Втората операција била извршена кога момчето имало само 7 месеци.

Синот на Кимел Синот на Кимел Џими Кимел

Били е второ заедничко дете на Џими и Моли Мекнири. Кимел има уште две деца со поранешната сопруга Џина.

Вилијам Џими Кимел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25659 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.