Кејли Куоко и Том Пелфри го прославија првиот роденден на нивната ќеркичка Матилда.
38-годишната ѕвезда од серијата „The Big Bang Theory“ сподели фотографии од прославата инспирирана од Мини Маус. На нив, Матилда јаде мала торта и позира покрај куп играчки Мини Маус, наменети за децата поканети на нејзината роденденска забава.






Кејли објави и слатко видео составено од бројни фотографии и кадри направени во првата година од животот на Матилда.
„Матилда, ти имаш 1 година! Најдобрата година во нашите животи... ти си дар одгоре и ни ја донесе најдлабоката најчиста радост на целото наше семејство! Со тато те сакаме повеќе отколку што е можно да се објасни. Со нетрпение чекам да видам што ќе станеш, но засега, те молам остани моето скапоцено едногодишно дете засекогаш. Том, ти благодарам што си најдобриот татко (покрај мојот), кој светот некогаш го видел. Таа е совршена. Среќен роденден, ангелче“ – напиша Куоко.
Кејли и Том за првпат во јавност се појавија како пар во мај 2022 година. Неколку месеци подоцна, во октомври, тие открија дека очекуваат бебенце.
Матилда Кармин Ричи Пелфри се роди во април 2023 година, а среќните родители споделија фотографии за да ја објават веста.




