Најголемиот сон на Малума се исполни. Тој стана татко.
30-годишниот пејач и неговата сакана Сузана Гомез ѝ посакаа добредојде на овој свет на ќеркичката Париз. Веста за раѓањето на бебенцето ја објави самиот Малума и сподели фотографии од првите моменти со неговото малечко.

„На 9 март во 8:23 часот наутро се роди љубовта на нашите животи, Париз Лондоно Гомез. Ви благодарам на сите за пораките и убавите желби. Сузана, љубов моја, ти благодарам што ми го исполни најголемиот сон да станам татко. Никогаш нема да го заборавам тој момент. Ги сакам“ – напиша славниот Колумбиец.


Претходно, тој сподели фотосесија направена во нивниот дом додека го очекуваа доаѓањето на бебенцето.







Парот сподели дека очекува дете во октомври минатата година преку спотот за песната „Procura“. Малума и Сузана се заедно од 2020 година.


