Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Наследникот на Шакира: 9-годишниот Саша го покажува својот музички талент додека пее и свири на пијано

Наследникот на Шакира: 9-годишниот Саша го покажува својот музички талент додека пее и свири на пијано

Децата на Шакира несомнено ќе бидат нејзини наследници во светот на музиката.

Викендов, во нивното училиште во Мајами се одржа школски настан на кој настапиле и 11-годишниот Милан и 9-годишниот Саша. Видео од Саша стана хит на социјалните мрежи, а во него тој покажува гласовни способности слични на неговата славна мајка.

Во видеото, помалиот син на Шакира и Жерар Пике ја пее песната „Manos de Tijera“ од Камило.

@quiencom Heredó el talento de Shakira : Sasha, el hijo menor de la colombiana y Gerard Piqué, volvió a sorprender durante una presentación escolar en la que mostró sus habilidades en el piano y con el micrófono. ¿Será la próxima estrella de la música? (Video: @despiertamerica) #sashapique #shakira #pique ♬ sonido original - Quién

Двете момчиња го развиваат својот музички талент преку часовите во престижното музичко училиште „Let it Bear!“, каде се запишани од преселбата во Мајами по разделбата на нивните родители.

Шакира

Во март годинава, хит стана видео во кое поголемиот син Милан тропа на тапани како дел од рок музички бенд.

Шакира Милан

Милан и Саша веќе го имаат покажано и нивниот талент за пеење. Тие беа дел од снимањето на песната на Шакира, насловена „Acróstico“.

Шакира и Пике се разделија во јуни 2022 година, по што пејачката се пресели со децата во САД.

Шакира и Пике Шакира и Пике

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25659 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.