Ријана знае како да остави впечаток на секој настан на кој што ќе се појави.
36-годишната пејачка зачекори со нова боја на косата и ултра широка облека на настан на Fenty и Puma во Лондон. Својот нов имиџ, познатата музичарка го надополни со силна шминка и впечатливи очила.












Бојата на облеката Ријана ја избра во чест на нејзиниот модел на патики за кој соработуваше со PUMA. Овој модел се продава во земјени нијанси и неутрални бои.




Бројни се коментарите за стајлингот на Ријана. Па, што мислите, дали ова е моден погодок или модна утка?