Талула Вилис откри дека има аутизам.
30-годишната ќерка на Брус Вилис и Деми Мур сподели со јавноста дека минатото лето ѝ било дијагностицирано ова нарушување и дека дијагнозата ѝ го променила животот.

„Всушност за првпат јавно ја споделувам мојата дијагноза. Открив ова лето и тоа ми го промени животот“ – напиша таа.
Талула ја објави дијагнозата со помош на старо видео во кое е на црвениот тепих со татко си. Во него, таа нежно го гали Брус и си игра со неговото уво додека тој одговара прашања за новинарите.




Со овој пост, Талула поттикна дебата на социјалните мрежи. Многумина се прашуваат како е возможно да ја добила дијагнозата толку доцна во животот. Претходно, во есеј за „Вог“ таа сподели дека имала Синдром на дефицит на внимание и хиперактивност (АДХД).




Организацијата „Autism Speaks“ го дефинира аутизмот како „широк спектар од состојби кои се карактеризираат со предизвици во социјалните вештини, говорот и невербалната комуникација, како и со повторливо однесување“. Симптомите на аутизам најчесто се појавуваат на 2-3-годишна возраст, но може да бидат незабележителни и да бидат пропуштени.


Талула е најмалата ќерка на Брус и Деми, кои се разделија во 2000 година. Тие заедно имаат уште две ќерки.
