Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Меган Фокс: „Не би се заменила со непривлечна девојка“

Меган Фокс: „Не би се заменила со непривлечна девојка“

Синооката Меган Фокс се вбројува меѓу најубавите жени на светот. За разлика од многу други ѕвезди кои тврдат дека мразат што се нарекувани секс симболи, 25-годишната актерка признава дека не се жали за добиената титула и дека никогаш не би се заменила со непривлечна девојка.

„Живеам добро со мојот имиџ. Не можам да се пожалам. Не би си го заменила местото со непривлечна девојка“ – изјавила таа во интервју за списанието „Jalouse“.

Меган Фокс Меган Фокс

На некои од фотографиите направени за списанието, Меган изгледа како вистинска дама, а на други влегува во улогата на пооткачена личност.

Иако Фокс многу успешно работи и како модел за брендови од класата на Армани, таа вели дека воопшто не сака да позира за фотографии.

Меган Фокс Меган Фокс Меган Фокс

„Мразам да се фотографирам. Никогаш не ги гледам, затоа што знам дека ќе сакам да променам сè. Преферирам да не видам ниту една од моите фотографии и да му верувам на фотографот, кој си ја знае работата“ – дополнила таа.

Меган Фокс

Фокс во интервјуто зборувала и за својата линија. Таа објаснила дека изгубила премногу тежина затоа што се придржувала кон вегански начин на исхрана, но дека сега повторно консумира месо. За да го одржува своето тело, освен што внимава на големината на порциите, Меган вежба по трипати неделно.

Меган Фокс Меган Фокс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.