Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Меган Фокс за пластичните операции на градите: „Сакав големи гради и изглед на стиптизерка од 90-тите години“

Меган Фокс за пластичните операции на градите: „Сакав големи гради и изглед на стиптизерка од 90-тите години“

Меган Фокс одлучи да зборува за пластичните операции кои си ги има направено

Во подкастот „Call Her Daddy“, 37-годишната ѕвезда од „Transformers“ отворено сподели што има коригирано со помош на естетски процедури за да го постигне посакуваниот изглед. Популарната актерка рече дека со последната интервенција сакала да добие гради на „стриптизерка од 90-тите“.

Меган Фокс Меган Фокс

Фокс морала да го надмине стравот и суеверијата поврзани со пластичните операции, велејќи дека кога веќе ги прави, подобро е да се разбуди со „најголемите гради кој може да се вклопат на нејзиното тело“.

Меган откри дека првата операција на градите ја направила на 21 или 22-годишна возраст, по нејзината улога во првиот дел од „Transformers“.

„Повторно ја направив процедурата откако престанав да ги дојам децата“ – рече Фокс, која е мајка на три момчиња.

Третата операција Меган ја направи неодамна со цел да ги промени старите импланти и да постигне изглед на „стриптизерка од 90-тите години“.

„Едноставно ќе ги набројам сите нешта кои ги имам направено. Чувствувам дека има некоја стигма и дека нема да победам. Но, се надевам дека ќе ослободам некои луѓе“.

„Не ми се допаѓаат операциите. Моето тело не реагира добро на општата анестезија. Поради тоа немам направено многу операции. Тоа за мене е трауматизирачко искуство. Поради тоа реков дека е подобро да се разбудам со најголемите гради кои можат да се вклопат во моето тело. И токму тоа го направи мојот доктор“.

„Не се толку големи, но изгледаат големи на моето тело, бидејќи телото ми е малечко. Кога веќе правев операција сакав награда за страдањето низ кое поминав... Реков: ‘Не ми е гајле за трендовите. Дајте ми гради на стриптизерка од 1990-тите, тоа го сакам. И тој го направи тоа’“ – рекла Фокс.

Меган Фокс Меган Фокс Меган Фокс

Во подкастот, Меган откри дека си нема направено лифтинг на лицето, липосукција или контурирање на телото. Ринопластика (хируршка корекција на нос) си направила во раните 20-ти години од нејзиниот живот, а би сакала да си го зголеми и задникот.

Меган Фокс Меган Фокс

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11180 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.