Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Мама и тато ќе те сакаат секогаш“: Криси Тиген со трогателна порака една година по загубата на бебето во бременоста

„Мама и тато ќе те сакаат секогаш“: Криси Тиген со трогателна порака една година по загубата на бебето во бременоста

Криси Тиген и Џон Леџенд не можат да ја преболат загубата на нивното неродено синче Џек. Познатиот модел објави трогателна порака една година по спонтаниот абортус, кој го доживеа во петтиот месец од бременоста.

„До синот кој за малку ќе го имавме. Пред една година ми ја предизвика најголемата болка која некогаш можев да ја замислам, за да ми покажеш дека можам да преживеам сè, дури и ако не го сакам тоа. Не добив можност да се грижам за тебе, но ти дојде и ме натера да се сакам себеси и да се грижам за себе, бидејќи нашите тела се скапоцени и животот е чудо. Ми рекоа дека ќе биде полесно, но се разбира, сè уште не е. Мама и тато ќе те сакаат засекогаш“ – стои во описот на трогателна фотографија од парот.

На Криси ѝ била дијагностицирана плацентарна абрупција, поради која била хоспитализирана. Целта била да се обиде да го задржи бебето барем до 28-мата недела преку мирување во кревет. За жал, во 20-тата недела Криси била принудена да го роди бебенцето за да не го стави во опасност и сопствениот живот.

Криси и Џон Криси и Џон Криси и Џон

Криси и Џон се родители и на 4-годишната Луна и 2-годишниот Мајлс кои се зачнати со ин витро. Претходно, тие 9 години неуспешно се обидувале да зачнат.

Криси и Џон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11899 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.