Гоце Тодоровски и Кирил Андоновски повторно се дружеа, но овој пат не на сетот на снимањето на нова македонска народна приказна, туку во скопскиот парк.
Легендарните македонски актери уживаа под топлите сончеви зраци и разговараа на клупа. Фотографија од нивната средба сподели Горан Марковски, администратор на Facebook фан страница за нивниот покоен колега Ѓорги Колозов.
„Ех Кире, Кире - поминавме сито и решето заедно! Небројана минутажа пред камера, безброј улоги заедно на сцената, повеќето колеги ни заминаа, останавме уште ние - со носталгија да се потсетуваме на убавите минати дни!“ – му рекол Гоце на Кире.

„Ако некогаш поминете и ги сретнете овие две живи легенди со почит отпоздравете ги затоа што ни подарија прекрасно детство, ненадминливи дела кои до ден денес ни ја греат душата!“
„Гоце Тодоровски и Кирил Андоновски - бардови, доајени и ветерани на македонското глумиште и приказните, денес уживаа под сончевите зраци во паркот! Почит за нивниот лик и дело! Живи и здрави барем до стотка!“ – напиша администраторот Марковски.

Гоце и Кирил беа дел од многу Македонски Народни Приказни кои нè држеа „приковани“ пред малите екрани. Токму затоа, оваа фотографија ни буди носталгија.