Викендов, Жељко Самарџиќ имаше голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
На сцената, на 68-годишниот пејач му се придружи нашата музичка дива Калиопи и заедно го отпеаја дуетот „Znam“. Македонската пејачка ги отпеа и песните „Црно и бело“ и „Бато“, а сподели фотографии и видеа од музичкото шоу. Таа најави голем солистички концерт во Скопје на 19 октомври.




„Мојот драг пријател Жељко Самарџиќ вечерва донесе мнооогу љубов во преполната арена „Борис Трајковски“. Ноќ за паметење... А јас треперев со публиката во оваа посебно магична ноќ... Моето Скопје... Мојата Македонија... По толку долго време пеевме заедно... Каков момент... Затоа повторно пак ќе се сретнеме оваа година, на истото ова место, на 19 Октомври, со голем солистички концерт! Македонијо, едвај чекам!“ – напиша таа.
И Жељко објави албуми со фотографии од концертот.

Фотографии: Instagram/ Kaliopi, Stefan Samandov