Кристи Бринкли сподели лоша вест со своите фанови за да ги охрабри да прават редовни здравствени прегледи.
Во пост на Instagram, 70-годишниот супермодел напиша дека ѝ бил дијагностициран рак на кожата на лицето. Кристи поминала низ операција за отстранување на зафатената област и е среќна што ракот бил откриен во рана фаза.

„Добрата вест за мене е што рано го откривме базалиомот (базоцелуларниот карцином). Имав одлични доктори кои го отстранија ракот и ме сошија до совршенство како високата мода на Диор.“
„Добрата вест за вас е дека сето ова може да биде избегнато ако редовно користите крема за заштита од сонце и ако правите редовни прегледи... тоа е ЗАДОЛЖИТЕЛНО. Имав среќа што го открив ова, бидејќи придружував една од ќерките на НЕЈЗИНИОТ преглед... Докторот ја гледаше секоја пега под лупа. Го прашав дали може да ја види малата точка која можев да ја почувствувам кога нанесував пудра. Кога ја виде, веднаш знаеше дека ми треба биопсија...“ – напиша таа.




Базалиомот или базоцелуларниот карцином е најчестиот малигнен тумор на кожата. Тој е типично локализиран на лицето кај постарите луѓе со светол тен или кај индивидуи кои биле многу експонирани на сонце.
