Во ера каде постојано се споделуваат фотошопирани фотографии, Криси Тиген е промената која му е потребна на светот.
38-годишниот модел сподели албум од одморот во Тајланд, каде е со четирите деца. На фотографиите, Криси позира во бикини, а очевидно е дека таа не користела ниту филтри, ниту Фотошоп за да го измени својот изглед.
Многу мајки ѝ се заблагодарија што реално покажува како изгледа телото по породувањето и што им помага на жените да бидат посамоуверени.
„Мислам дека оваа фотографија не е едитирана (изгледаш прекрасно), но исто така... ти благодарам.“
„Ти благодарам што објави искрена реална фотографија од нормално мајчино тело. Изгледаш неверојатно! Голем дел од нас мајките сме премногу несигурни поради нашите постпородилни тела и се грижиме како изгледаме. Гледајќи те тебе, сфаќам дека изгледа прекрасно.“
„Посакувам повеќе луѓе да беа реални како тебе. Во свет полн со лаги и филтри, обожавам кога гледам колку е убав некој толку природен како тебе...“
„Ким Кардашијан никогаш не би објавила ваква фотографија. Ти благодарам што нè потсети дека телата по породувањето се уметнички дела.“
„Како мајка и како личност која има повеќе од 2 години работено во медиумите, не можам да ти кажам колку ми значат овие фотографии. Ти благодарам.“
„Секоја жена, која ја гледа оваа фотографија од една неверојатна мајка, во мислите си вели ТИ БЛАГОДАРАМ.“
„Не си ни свесна колку оваа фотографија им помага на луѓето од сите возрасти“ – ова се само дел од коментарите на фотографиите на Криси.



Тиген е во брак со пејачот Џон Леџенд од 2013 година и заедно имаат четири деца. Нивните три поголеми деца се зачнати со вонтелесно оплодување, додека четвртото дете тие го добија со помош на сурогат-мајка.



