Криси Тиген избра смел стајлинг за добротворната гала „Magic od Motown“ во Њујорк.
38-годишниот модел носеше проѕирен фустан без градник кој ѝ ја истакна фигурата. На настанот на кој се собираа средства за борба против гладот, Тиген беше заедно со својот сопруг Џон Леџенд.




Присутните гости на настанот го дадоа својот придонес за каузата на City Harvest за обезбедување на топол оброк за оние кои имаат најголема потреба од тоа.




Пред два дена, парот присуствуваше и на настан организиран од Џејн Фонда. Криси носеше дводелна комбинација со цвет на градите.




Криси и Џон се запознаа во 2006 година на снимањето на спотот за „Stereo“. Тие стапија во брак во 2013 година и заедно имаат четири деца. Три од децата беа зачнати со вонтелесно оплодување, а едно е родено од сурогат-мајка.
