Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кортни Лав имала секс за една вечер со Кејт Мос

Кортни Лав имала секс за една вечер со Кејт Мос

Кортни Лав

Уште еднаш Кортни Лав го зграпчи вниманието на јавноста со нејзините сексуални авантури. Не помина ниту еден месец откако таа призна дека имала афера со сопругот на Гвен Стефани, Гевин Росдејл, додека тој бил во врска со Гвен, а сега нејзините признанија стануваат уште попровокативни.

Неодамна Кортни имаше споменато дека имала секс со познат супер модел, но досега не го откриваше нејзиниот идентитет. Во интервју за списанието Hot Press, таа призна дека имала секс за една вечер со познатиот супермодел Кејт Мос.

Тоа беше Кејт Мос. Неа не ѝ е гајле. Тоа е прекрасна приказна за внуците... Кејт не земаше многу дрога. Тоа едноставно е нешто што се случи во Милано во 90-тите. Се случи и беше забавно... Таа (Кејт) зборува за тоа и се надевам дека нема да се лути што ја издадов.

Кортни Лав за Hot Press

45-годишната бивша зависничка од дрога изјавила и дека многу од нејзините пријателки во Лондон спиеле со Мос.

Никој не знае зошто Кортни Лав решила да ги извади на виделина сите нејзини сексуални авантури. Сепак, многу е веројатно тоа да го прави за да привлече внимание баш сега кога нејзиниот бенд Hole го објави нивниот нов албум Nobody’s Daughter.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9484 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.