Анџелина Џоли летото го поминува во Европа со своите деца додека снима нов филм во Рим.
За време на паузите од снимањето, славната актерка и режисерка си организира патување заедно со синот Пакс. 47-годишната ѕвезда и 18-годишното момче беа фотографирани на аеродромот „Хитроу“ во Лондон.
За претстојниот лет, Џоли имаше избрано многу комфорна комбинација во чоколадно-кафеава нијанса. Станува збор за комплет свилени пижами со потпис на Валентино кој чини 2.520 евра. Лежерната облека таа ја надополни со сандали во нијанса на карамела од истата модна куќа.





Џоли во Рим го снима филмот „Without Blood“ со Салма Хајек во главната улога.

