Кире Лазаров доби сосем заслужено признание. Македонскиот ракометар и капитен на македонската ракометна репрезентација беше прогласен за Спортска легенда на најновото издание на Златна бубамара на популарноста.
43-годишниот спортист одржа краток говор по примањето на статуетката. Тој ја доби поддршката од сопругата Љубица, која гордо го следеше овој момент од публиката.
„Кире Лазаров одамна е веќе спортска легенда. 27. Златна бубамара му ја додели и официјалната награда во оваа категорија“ – порачуваат од Златна бубамара.











Фотографии: Александар Буневски / Femina.mk