По романтичното роденденско патување во Париз, Џенифер Лопез одлета на Капри, каде настапи на гала вечер организирана за поддршка на УНИЦЕФ.
53-годишната пејачка беше фотографирана додека се упатуваше на ручек во ресторан на идиличниот италијански остров. Музичката ѕвезда изгледаше шармантно во цветен фустан од Долче и Габана и сандали од Гучи.












За настапот на галата, Лопез носеше комбинација од Роберто Кавали, а подоцна се пресоблече и во проѕирен костим во „месо“ боја со блескави кристали.








