Тејлор Свифт уште еднаш покажа дека има големо срце.
34-годишната пејачка му подари шапка на 9-годишно девојче со неизлечив рак на мозокот, чија најголема желба била да се сретне со неа.
За време на нејзиниот концерт во Сиднеј, Австралија, Свифт ѝ ја подари црната шапка на Скарлет Оливер од Перт. Маќеата на девојчето, Натали Оливер, ја искористи моќта на социјалните мрежи и допре до пејачката која ја избра токму Скарлет за овој специјален гест кој го прави на секој свој концерт.

Скарлет има агресивна форма на рак на мозокот за која нема лек. Докторите прогнозираат дека ѝ остануваат 12-18 месеци живот.

CUTE! Taylor Swift presents 9-year-old Scarlett, who is battling cancer, with her hat during "22" on The Eras Tour. pic.twitter.com/GYbCFZWqev
— SSBR Midias (@midiasssbr) February 24, 2024
@thetodayshow ♬ original sound - The Today Show
Се надевам дека ќе ѝ го остварам ова на мојата убава поќерка, но потребна ми е помош!
Скарлет има 9 години, од Перт е и во октомври минатата година ѝ беше дијагностициран глиом од висок степен – ова е многу агресивен рак на мозокот за кој нема лек. Прогнозата која ни беше дадена е 12-18 месеци од дијагнозата. Таа беше апсолутен воин низ операциите, зрачењето и другите третмани (сите направени во обид да ѝ се продолжи животот).
Скарлет беше избрана за исполнување желба преку Фондацијата „Make a Wish“, но за жал, ни кажаа дека не е возможно да се сретне со Тејлор Свифт. Па, со моќта на социјалните мрежи и некои многу дарежливи луѓе... Успеавме да обезбедиме билети за да одиме на концертот!
Скарлет е многу возбудена и посакува да ја добие шапка од Тејлор (сигурна сум дека сите го сакаат тоа).
Само сакам да искуси сè во животот и ако некој заслужува малку среќа, тоа е таа. Го заслужува светот.
Натали Оливер

По концертот, Натали објави видео од среќниот момент и напиша:
„Сонот на Скарлет се оствари вечерва. Благодарни сме на сите што ја споделија нејзината приказна и што овозможија ова да се случи. Таа беше во шок и се тресеше. Беше најсреќното мало девојче вечерва. Тејлор беше неверојатна“.

