Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ирина Шајк за споделеното старателство: „Кородителство е родителство. Бредли е најневеројатниот татко“

Ирина Шајк за споделеното старателство: „Кородителство е родителство. Бредли е најневеројатниот татко“

Ирина Шајк е убавицата која ги краси страниците од најновото издание на „Elle“.

За фотосесијата, 35-годишната Русинка позираше во црно-бели модни комбинации избрани од стилистот Алекс Вајт. За фотографиите се погрижил Крис Колс.

Во интервјуто, Шајк зборуваше за споделеното старателство над ќеркичката Леа и за родителството.

Ирина Шајк

Атрактивната манекенка изјавила дека во карантинските денови најмногу се фокусирала на ќеркичката Леа, а Бредли Купер го нарече „најневеројатниот татко“.

На прашањето какво им е кородителството со Бредли Купер, Ирина одговорила:

„Никогаш не го разбирав терминот кородителство. Кога јас сум со ќерка ми, јас сум 100% нејзина мајка, а кога таа е со нејзиниот татко, тој е 100% нејзин татко. Кородителството е родителство“ – вели Ирина.

„Мојата мината врска е нешто што ми припаѓа мене и тоа е приватно“ – додала славната манекенка за врската со Купер.

Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк

Ирина имала само 14 години кога починал нејзиниот татко. Таа пораснала со мајка си и баба си. „Научив како да преживувам без маж“ – вели таа.

Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк

Шајк тврди дека сега на 35-годишна возраст е посамоуверена отколку кога имала 20 години.

„Сега на 35 години правам нешта кои на 20 години никогаш не мислев дека ќе ги направам. Можеби поради личноста којашто станав. Се чувствувам многу комфорно во мојата кожа. Си го сакам телото. Сакам да јадам. Ја ценам храната. Го ценам животот. Навистина сметам дека тоа е она што модната индустрија го бара сега“ – додала Шајк.

Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25530 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.