Семејството на Камерон Дијаз и Бенџи Меден се прошири за уште еден мал член.
Холивудската ѕвезда и нејзиниот партнер ја споделија убавата вест со заеднички пост на Instagram.
„Благословени сме и возбудени што ја споделуваме веста за раѓањето на нашиот син, Кардинал Меден. Тој е прекрасен и пресреќни сме што е тука. За безбедноста и приватноста на децата нема да споделуваме фотографии, но тој е пресладок. Се чувствуваме благословени и благодарни. Испраќаме многу љубов од нашето семејство до вашето“ – стои во нивната порака.

По објавувањето на веста, парот беше фотографиран додека се упатуваше на роденденската забава за Роб Лоу.

Камерон и Бенџи стапија во брак во 2015 година, а веста за раѓањето на нивната ќеркичка ја објавија во јануари 2020 година.
Парот последен пат беше фотографиран во јавност со ќеркичката Радикс во ноември минатата година.




