Семејството на Гал Гадот се прошири. Ѕвездата од „Wonder Woman“ го роди своето четврто дете и среќната вест ја објави на Instagram.
Холивудската актерка откри дека бременоста не била лесна, но дека е среќна што во рацете ја има својата ќеркичка. „Мое слатко девојче, добредојде. Бременоста не беше лесна, но успеавме. Ти донесе многу светлина во нашите животи, исполнувајќи го значењето на твоето име, Ори, што значи ‘моја светлина’ на хебрејски. Нашите срца се полни со благодарност“ – напиша Гадот.
„Добредојде во женската куќа. Тато е исто така многу кул“ – се пошегува славната актерка, бидејќи ова е нејзина четврта ќерка.
„Ти благодарам моја прекрасна и силна лавице“ – дополни нејзиниот сопруг Џерон Варсано.

Целата бременост, Гал ја чуваше во тајност. Иако беше фотографирана повеќепати од папараците, таа секојпат носеше широка облека под која го криеше трудничкото стомаче. Погледен пат, Гал беше фотографирана во декември.

Атрактивната глумица има уште три ќерки со Џерон: 12-годишната Алма, 6-годишната Маја и 2-годишната Даниела.




