Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „И по 24 години, сè уште си мој Валентин“: Викторија и Дејвид Бекам со стари фотографии си го честитаа Денот на вљубените

„И по 24 години, сè уште си мој Валентин“: Викторија и Дејвид Бекам со стари фотографии си го честитаа Денот на вљубените

Викторија и Дејвид Бекам сè уште ја негуваат нивната љубов. Славниот пар го одбележа Денот на вљубените со стари фотографии од првите години од нивната врска.

„1998 година во Њујорк! И по 24 години, сè уште си мој Валентин. Фотографијата е направена на денот кога дознавме дека сум бремена со Бруклин. Те сакам Дејвид“ – напиша славната дизајнерка.

Бекам Бекам

Дејвид сподели фотографија со двете најважни жени во неговиот живот - Викторија и нивната ќерка Харпер. „Среќен Валентин на моите девојки. Две прекрасни и силни жени. Харпер запомни дека тато секогаш ќе биде твојот Валентин. Ве сакам“ – стои во неговиот опис.

Бекам Бекам

Викторија и Дејвид започнаа да се состануваат во 1997 година, а стапија во брак две години подоцна. Тие заедно имаат четири деца: 22-годишниот Бруклин, 19-годишниот Ромео, 16-годишниот Круз и 10-годишната Харпер.

Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.