Анѓелка Прпиќ изминатиов период беше мета на многу коментари и навредливи зборови откако се разведе од поранешниот сопруг Дарио и стапи во брак со неговиот најдобар пријател Марко.

39-годишната актерка, позната по улогата во серијата „Андрија и Анѓелка“, беше во брак со Дарио до 2020 година и заедно имаат еден син. Минатата година, таа се омажи со Марко и му роди ќерка. Иако до неодамна не ги коментираше скандалите кои се кренаа поради нејзиниот личен живот, таа сега призна дека не ѝ било сеедно.
„Луѓето, па и самата јас, страшно лесно ги етикетираат другите луѓе. Многу лесно некому му плескаме што било. И тоа без да нè праша некој нешто. Не сме ни свесни колку сето тоа влијае на тој човек отспротива, на кого ние ноншалантно ќе му плеснеме сè в лице и ќе си заминеме! А тој некој ја собира туѓата енергија, тоа го правам и јас, страшно ја впивам туѓата енергија! Го впивам и туѓото расположение и потоа ќе се искривам цела, вака и се прашувам што ми е, зошто сум се здрвила“ – рекла таа.
„Зошто сум јас распуштеница, а разведениот маж не е распуштенко, туку е зрел човек со две деца? И сите обожаваат да ги гледаат како си играат со децата во паркот, една прекрасна слика.“
„Не е само оваа тема, а што е ‘второротка’? Има татковци кои се генијални родители, еве тоа можам да го речам за мојот сопруг. Тој е многу посветен татко. Не можам да кажам дека сите се добри по два саати, но зошто тие го немаат тој гаден и грозен епитет? Мене ми велат дека сум второротка, што значи тоа? А од друга страна кога ќе кажеш ‘швалер’ тоа е симпатично, а ‘швалерка’ не е“ – додала Анѓелка.

За нејзините чувства по разводот, Анѓелка рече:
„Можам да кажам само како ми беше мене. Се разведов и повторно се омажив од за мене многу јасни, најконкретни, емоции, чувства и побуди. Сè што се случуваше не успеа да ми влезе дома и да ме поремети. Јас во тој период се опкружив со многу блиски пријатели и роднини и ништо од околу не ме интересираше.“
„Не ме интересираше ничиј став и мислење. Тоа е поентата, не можеш со сите да ја делиш својата интима, нема потреба“.
