Пред да се упатат на доделувањето на спортските награди Лауреус, Новак и Јелена Ѓоковиќ снимија видео и фотосесија за „Вог“.
За Vogue Adria, српскиот пар покажа како се подготвуваше за настанот на кој Ноле по петти пат ја прими наградата Најдобар спортист. 36-годишниот тенисер носеше костум од Брунело Кучинели, додека неговата сопруга за настанот избра црна креација од српската дизајнерка Драгана Огњеновиќ.
Јелена му подари бакнеж на Новак.








