Ема Стоун сосем заслужено се закити со уште еден Оскар. Таа беше прогласена за Најдобра актерка за маестралната улога во филмот „Poor Things“ и ја прими престижната статуетка за време на синоќешната манифестација во Холивуд.
35-годишната филмска ѕвезда низ солзи се заблагодаруваше на сите заслужни за филмот, а на почетокот од својот говор се пошегува дека ѝ пукна фустанот.
„Ох, мојот фустан е расипан. Мислам дека се случи за време на песната ‘I’m Just Ken’. Прилично сум сигурна“ – рече таа.






На свеченоста, славната актерка носеше креација од Луј Витон.



