Оливија Ман со солзи во очите раскажа за процесот на откривање на ракот на дојка, двојната мастектомија и животот по тешката операција.

43-годишната актерка рече дека ракот ѝ бил откриен сосема случајно додека си правела тестови. Иако сите излегле негативни на рак, сепак докторката ѝ предложила понатамошни тестирања, кои покажале дека има висок ризик за рак.
По направената магнетна резонанца, се покажало дека таа веќе има рак на градите. Следувале консултации и операција. Најтешкиот дел во закрепнувањето за Оливија била неможноста да го крене синот Малком во раце.

„Ништо не можеше да ме подготви за тоа како ќе се чувствувам, како ќе изгледам, како ќе се справам емоционално. Беше многу потешко отколку што очекував.“
„Беше многу болно кога се разбудив. Загубив многу крв и мојата операција која требаше да биде 8-часовна операција, премина во 10-часовна поради таа загуба на крв.“
„Првиот дел е тежок поради болката. Поминуваш низ масивна операција и во тоа време не помислував што изгубив, бидејќи бев во завои.“
„Три дена подоцна, си дојдов дома и Малком дотрча и ми рече: ‘Мамо, крени ме’, а јас му одговорив: ‘Не можам да те кренам’. Клекнав за да го прегрнам, но тој ми седна на ногата и повтори да го кренам. Тоа веројатно беше една од најтешките работи, сè што сакаш е да го кренеш твоето бебе“ – рече Оливија во интервјуто.


Минатата есен, Ман помина низ реконструктивна операција на градите, а во ноември започна со хормонска терапија за да го намали ризикот од враќање на ракот. Таа сега е во медицински индуцирана менопауза.
„Една недела подоцна, отидов да се видам со докторот на контрола. Тогаш првпат се видов себеси. Бев во шок. Беше неверојатно тешко... Кога се вратив дома, се соблеков и се видов повторно во огледалото. И тогаш се скршив“
„По реконструкцијата е многу подобро, но не е исто. Тоа е ОК, затоа што сум тука. Сега го прифаќам тоа. Екстремно сум среќна што имав опција да направам двојна мастектомија. Екстремно сум среќна што имав можност да се борам. Ми беше дадена таа шанса. Знам дека многу луѓе ја немаат таа опција. Како и да изгледам сега, тоа е ОК.“
Сега Оливија многу повеќе ги цени моментите кои ги има со синот Малком и ужива во секој момент.
„За првпат во мојот живот, не мислам на минатото, не мислам на иднината, мислам само на денес. Тоа отсекогаш беше моја цел. Убаво ќе беше да достигнам без рак, но тука сум. Среќна сум што сум тука денес.“
„Кога сум со Малком, тоа е единственото време во кое мозокот не ми мисли дека сум болна. Среќна сум со него. Среќна сум во животот. Тој е најзабавната мала личност.“
„Тој е многу комуникативен и забавен и многу се смее. Ако телото ми се промени, јас сè уште сум негова мајка. Ако имам жешки бранови, јас сè уште сум негова мајка. Ако ја изгубам косата, јас сè уште сум негова мајка. Тоа е она што е важно за мене – можам да бидам тука за него“ – рекла таа.


