Ева Лонгорија магнетски привлекуваше погледи на оскаровската забава на Vanity Fair.
Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ изгледаше атрактивно во креација која ѝ ја нагласи тенката половина и ги истакна нејзините облини.
Фустанот на 48-годишната актерка доаѓа од ателјето на Tamara Ralph, а беше надополнет со накит од Pasquale Bruni.









Лонгорија минатата година го промовираше својот прв режисерски филм „Flamin’ Hot“, а песната која Беки Џи ја сними за истиот беше номинирана за Оскар.
На манифестацијата, Ева носеше црна креација од истата дизајнерка.
