Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Драган Спасов-Дац сподели фотографии од првиот роденден на слатката внука Гаиа

Драган Спасов-Дац сподели фотографии од првиот роденден на слатката внука Гаиа

Внуката на Драган Спасов-Дац наполни една година. Среќното семејство организираше роденденска забава за да го прослави овој специјален ден за слаткото девојче.

60-годишниот актер и пејач сподели фотографии од веселбата. На нив неговиот син Јаков и снаата Софија позираат со славеничката Гаиа.

Роденден на Гаиа Роденден на Гаиа Роденден на Гаиа Роденден на Гаиа Роденден на Гаиа Роденден на Гаиа Роденден на Гаиа Роденден на Гаиа Роденден на Гаиа Роденден на Гаиа Роденден на Гаиа

На Facebook, Дац повторно ја сподели песната која минатата година ја напиша за внуката Гаиа по нејзиното раѓање.

Среќен прв роденден внуко моја најмила!

Секогаш кога ќе се роди некое чедо, земјата станува потешка за околу 3,5 килограми, станува посреќна за илјадници срцебајти, станува помудра, пољубовна поубава, понежна... така земјата прави рамнотежа со ѕвездата што се раѓа во негова чест.

Во тој миг насмевките се зголемуваат на најмалку илијадници усти а планетата благо трепери од нивната моќ. Всушност така планетата се врти, се движи и патува низ бескрајната вселена.

Во тој миг мајката се претвора во водопад а таткото во најсилниот вулкан за да го извикаат името на своето чедо кое ја има енергијата на своите предци!

Добре дојде на планетава внуко моја Гаиа!

И сакам да знаеш дека...
Ќе ти ја сакам косата,
убавото носе и насмевката.

Ќе ти ги сакам очите,
и веѓите и трепавиците.

Ќе ти го сакам грлото,
и плачот и гласот.

Ќе ти ги сакам прстињата,
и рачињата и ноџињата

Ќе ти сакам се'
а најмногу добрината!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11575 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.