Дејвид и Викторија Бекам ја продолжија летната авантура во Франција.
Додека пристигнуваа на ручек во Сен Тропе, 47-годишниот поранешен фудбалер ги покажа џентлменските манири и ѝ помогна на 48-годишната дизајнерка сува да премине на брегот. Викторија носеше фустан од сопствената колекција.
















Заедно со нив беа нивниот син Круз со новата девојка, како и нивната ќерка Харпер.





По ручекот, Бекамови се вратија на нивната луксузна јахта.


Дејвид претходно сподели видео во кое Викторија ја пее „Stop“ од Spice Girls на караоке забава.