Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дејвид Гета го доби првото дете со девојката Џесика Ледон и објави фотографија со бебенцето

Дејвид Гета го доби првото дете со девојката Џесика Ледон и објави фотографија со бебенцето

Дејвид Гета и Џесика Ледон го добија првото заедничко дете.

На 56-годишниот диџеј и неговата 32-годишна девојка им се роди синче кое го доби името Сајан.

Среќниот пар објави слатка фотографија со новороденчето за да ја сподели веста за неговото раѓање.

„Љубовта е во воздухот. Добредојде Сајан“ – напишаа тие.

Дејвид Гета и Џесика Ледон

Дејвид и Џесика ја открија веста за бременоста во ноември минатата година, кога се појавија заедно на црвениот тепих на „Latin Grammy Awards“.

Дејвид Гета и Џесика Ледон Дејвид Гета и Џесика Ледон

Дејвид има уште две деца од бракот со Кејти од која официјално се разведе во 2014 година. Неговиот син Тим има 19 години, додека ќерката Енџи има 16 години.

Дејвид Гета и Џесика Ледон

Дејвид и Џесика започнаа да се состануваат во 2015 година, една година по неговиот развод.

Дејвид Гета и Џесика Ледон Дејвид Гета и Џесика Ледон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.