Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дејвид Бекам со видео ѝ го честиташе 50-тиот роденден на Викторија, таа напиша дека е „благословена“

Дејвид Бекам со видео ѝ го честиташе 50-тиот роденден на Викторија, таа напиша дека е „благословена“

Викторија Бекам денес ја започнува шестата деценија од својот живот.

Успешната бизнисменка и модна дизајнерка, која во минатото се прослави како една од членките на женската група Spice Girls, наполни 50 години. Нејзиниот сопруг Дејвид Бекам, како и секогаш, не пропушти да го одбележи овој ден со пост на социјалните мрежи.

Тој сподели видео составено од кадри од животот на Викторија и нејзини фотографии.

Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам
Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

„Среќен роденден на мојата убава сопруга. Како што наближува својот роденден, треба да погледнеш наназад и да се гордееш со она што го постигна, достигна и изгради. „Posh Spice“, бизнис жена и се разбира, стапување во брак со капитенот на Англија. Но, твојот најголем успех се твоите деца. Ги насочуваше, ги сакаше и ги учеше. Тие те сакаат повеќе отколку што може да се опише со зборови. Сите те сакаме и заслужуваш сè. 50 и фит“ – напиша тој.

Викторија сподели своја фотографија и напиша:

„Додека се подготвувам да зачекорам во 50-ката (на потпетици, се разбира), се чувствувам неверојатно благословена што го достигнувам овој јубилеј. Благословена, но исто така реализирана и длабоко задоволна. Не само со местото каде што сум како жена, но колку далеку стигнаа моите брендови за мода и убавина. Моја амбиција отсекогаш била да ги охрабрувам жените и да правам да се чувствуваат како најдобрата верзија од себеси.“

„Верувам дека можеш да бидеш многу нешта. Поп ѕвезда, мајка, сопруга, дизајнерка... Мојата страст отсекогаш била да сонувам големи соништа, а потоа уште поголеми! Најпрво верувај во себе, а сите останати ќе те следат. И ако си навистина среќна, ќе пронајдеш некој кој верува во тебе повеќе одошто ти самата. Дејвид Бекам, засекогаш сум благодарна за твојата безусловна љубов и поддршка, како и за нашите преубави деца. Бруклин, Ромео, Круз и Харпер, вие ме правите комплетна. Горда сум и восхитена од љубезните, трудољубиви, талентирани индивидуи коишто станувате“.

Викторија Бекам

Викторија и Дејвид стапија во брак во 1999 година и заедно имаат четири деца.

Викторија Бекам Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11270 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.