Брус Вилис вчера наполни 69 години.
Актерот, кој страда од фронтотемпорална деменција, доби слатки честитки од сегашната и поранешната сопруга. Ема Хеминг, која со него стапи во брак во 2009 година, сподели фотографија на која Брус држи една од нивните две ќерки и напиша:
„Исто како тебе, ние едноставно го обожаваме. Она што не го знаеш, но можеби можеш да си го замислиш е дека неговата прегратка е најбезбедното место на целиот свет. Тој е вистински џентлмен. Има многу љубов да даде и да сподели. Тоа го гледам кај него, неговата суштина. Можам да ти кажам дека е многу чиста и секогаш добра. Среќен роденден, љубов моја. Ти си дарот што продолжува да дарува“.

Деми Мур, со која Брус беше во брак до 2000 година и со која негува одлични пријателски односи, сподели фотографии од актерот со порака:
„Среќен роденден БВ. Те сакаме и благодарни сме за тебе“.



И ќерките Скаут и Румер споделија слатки фотографии на овој специјален ден за нив.








Семејството на Брус сподели дека тој страда од деменција во февруари минатата година. Една година претходно докторите сметаа дека тој има афазија.
При челно-слепоочната деменција (frontotemporal dementia) настанува постепено и сè поголемо оштетување на челните и слепоочните резни на мозокот. Знаците на болеста честопати се јавуваат кога луѓето се на 50 или на 60-годишна возраст, а понекогаш и порано.




