Љубовната приказна на Џенифер Лопез и Бен Афлек има ново среќно поглавје. Пред неколку дена, 52-годишната пејачка и 49-годишниот актер конечно го изговорија судбоносното „ДА“.
Венчавката се одржа во Лас Вегас, а на интимната церемонија музичката ѕвезда блескаше во два невестински фустани.
Првата венчаница е дело на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад, додека втората доаѓа од ателјето на Александар Меквин.






Романтичната сторија на Џенифер и Бен, познати и како Бенифер, трае две децении. Тие се верија во април годинава, 18 години откако ја раскинаа првата свршувачка.
