Данијела Мартиновиќ пееше од душа на првиот концерт во Македонската филхармонија.
На сцената во Скопје, 52-годишната хрватска пејачка заблеска во црна креација со разголен грб. Талентираната ѕвезда ги изведуваше своите хитови, а сите присутни пееја заедно со неа.
„Ви благодарам за љубовта“ – напиша Мартиновиќ по концертот.
Шармантната пејачка објави албум со фотографии од концертот организиран од Авалон Продукција.










Фотографии: Данијела Мартиновиќ и Авалон Продукција.