Дакота Џонсон и Крис Мартин ќе стапат во брак. Веста за нивната свршувачка ја потврди британскиот медиум „The Mirror“.
Според изјава на извор близок до парот, тие се верија пред извесно време. „Парот се вери пред извесно време и ја чуваше таа вест во тајност. Но сега, отворено го кажуваат тоа во нивниот круг на пријатели. Не брзаат за да ја испланираат венчавката, туку уживаат во тоа што ја официјализираа нивната посветеност еден кон друг“ – стои во изјавата.

Ѕвездата од „Fifty Shades of Grey“ и фронтменот на Coldplay започнаа да се состануваат во 2017 година.


Крис претходно беше во брак со Гвинет Палтроу, со која има две деца.
Според информации на странските медиуми, Гвинет го благословува нивното стапување во брак. Таа сè уште негува одлични односи со Крис, а стана блиска пријателка и со Дакота.





