Селена Гомез им даде можност на фановите да ѕирнат во нејзината забава по повод 30-тиот роденден.
Славната пејачка позираше во розова креација од Версаче и доби бројни комплименти за изгледот.



Селена претходно објави црно-бели фотографии, а во описот напиша дека е благодарна за сè што научила во 20-тите години од нејзиниот живот.

„Моите дваесетти години беа патување низ добри, тешки и прекрасни моменти кои никогаш нема да ги заборавам. Секој од нив ме оформи во личноста којашто сум денес. Јас сум некој кој сè уште учи, но кој е посигурен за она што му е важно и што го сака. Некој кој е благодарен за секој подарок и за секоја лекција. Чекорам напред охрабрена од многу силни и инспиративни личности околу мене.“
„По неколку дена славење, срцето ми е полно, благодарно и навистина можам да речам дека навистина започнува да ми се допаѓа 30“ – напиша Гомез.

Селена викендов го славеше роденденот во бел фустан заедно со нејзината пријателка Тејлор Свифт.

