Ева Мендес изненади со своето појавување на ревијата на Долче и Габана во рамките на Миланската недела на модата.
Славната актерка, која за неколку дена ќе го прослави јубилејниот 50-ти роденден, за оваа пригода избра стајлинг со леопардски принт.
49-годишната холивудска ѕвезда се пошегува и ѝ се заблагодари на модната куќа што ја покани на настанот за да ја „извади од дома“.

„Првата модна недела на Мама во повеќе од 10 години. Да, не сум била на моден настан откако станав мајка. Времето лета кога си мајка. Долче и Габана ви благодрам што ме извадивте од дома“ – напиша Мендес на Instagram.









На забавата по ревијата, Мендес носеше црн фустан со бели точки од Долче и Габана.

Ева и Рајан Гослинг имаат две ќерки на возраст од 9 и 7 години. Во изминатите 10 години, таа се повлече од актерството и се посвети на семејството.

