Мејси Вилијамс влезе во улогата на помалата сестра на легендарниот дизајнер Кристијан Диор во новата серија „The New Look“.


Кетрин Диор беше муза за нејзиниот брат, но она што многумина не го знаат е дека таа беше дел од движењето на Отпорот во Франција за време на Втората светска војна и е воен херој кој преживеа тортура од Гестапо и престој во концентрационен логор во Германија.
Откако успеа да избега од логорот, Кетрин се врати во Франција, стана цвеќарка и продаваше на пазар во Париз.
Инспириран од помалата сестра, во 1947 година, Кристијан ја креираше неговата прочуена колекција „New Look“ и го создаде парфемот „Miss Dior“ кој го носи нејзиното име.



Сега, Мејси се обидува на најдобар начин да го долови нејзиниот тежок живот во серијата која ќе се прикажува на Apple TV+.
„Горда сум што таа е интегрален дел од серијата. Се надевам дека луѓето ќе научат повеќе за неа и дека ќе истражуваат понатаму за таа да не стане уште една жена заборавена од историјата“ – рече Вилијамс, која ја имаше улогата на Арја Старк во „Game of Thrones“.



