Дејвид Гета ужива во татковството.
56-годишниот диџеј, кој го доби третото дете на 17 март оваа година, сподели фотографија која правела да се чувствува како да е во рајот. На неа, неговото најголемо дете, 20-годишниот син Елвис Гета му дава млеко од шише на новородениот Сајен.
„Мислам дека не разбирате какво е чувството што го гледам мојот прв син како го храни мојот новороден син Сајен. Во рајот сум!“– напиша тој.


Елвис е дете на Гета со поранешната сопруга Кејти со која стапи во брак во 1992 година, а се раздели во 2014 година. Покрај Елвис, тие имаат и ќерка Енџи.


Една година по разводот, Дејвид започна да се состанува со 32-годишната Џесика Ледон. Тие објавија дека очекуваат дете на „Latin Grammy Awards“. Сајен е нивно прво заедничко дете.





