Викторија Бекам со стил зачекори во шестата деценија од животот.
Славната дизајнерка го прослави јубилејниот 50-ти роденден со голема забава на која присуствуваа нејзините четири деца, сопругот Дејвид и бројни пријатели. На прославата, Викторија се обедини со сите поранешни членки на групата Spice Girls, по која таа се прослави.






Шармантната славеничка носеше проѕирна креација додека позираше со гостите, меѓу кои беа нејзината најдобра пријателка Ева Лонгорија со сопругот, Марк Антони со сопругата, Том Круз, Гордон Ремзи, Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам.
„Мислам дека никогаш не сум се чувствувала толку сакана, колку што се чувствував синоќа. Ви благодарам на сите што дојдовте одблиску и оддалеку“ – напиша таа.












По завршувањето на забавата, Дејвид ја носеше Викторија на грб до автомобилот за таа да не мора да ги користи патериците. Таа сè уште закрепнува од сериозната повреда на зглобот на левата нога.



