Филмот „Joker“ постигна огромен успех во 2019 година, а на Хоакин Феникс заслужено му донесе Оскар за Најдобар актер.
Оваа година го очекуваме продолжението на феноменалниот филм, кој ни ја покажа приказната од гледна точка на Џокерот.
Филмската екипа го објави првиот тизер трејлер за вториот дел од филмот. Во него, фокусот е ставен на врската помеѓу Џокерот и Харли Квин (Лејди Гага).
Видео:
Снимањето на „Joker: Folie à Deux“ заврши во април 2023 година, а премиерата се очекува да биде во октомври оваа година.



